Сообраќајка го потресе Кавадарци - едно лице во болница

Пешак е повреден денеска во Кавадарци откако во него удрило товарно возило. Несреќата се случила околу 8:30 часот во близина на бензиската пумпа во Кавадарци.

- Засега не можеме да дадеме повеќе информации околу сообраќајната незгода, изјави портпаролот на СВР Велес, Анира Стојковска.

Таа најави повеќе детали за несреќата во текот на денот.  

Повредениот пешак е примен во Општата болница во Кавадарци и засега нема официјални информации за видот на повредите со кои се здобил. 

01.10.2014 - 12:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега