Сашко Коцев гостин на „StandUpFest“ во Белград

Четвртиот Меѓународен фестивал на стендап комедијата „StandUpFest“, ќе се одржи од денеска до 5 октомври во Белград.

Денеска ќе настапуваат стендап комичарите од регионот на чело со членовите на организацијата „Standup.rs“.

Гости на фестивалот ќе бидат, Мартина Ипша, од Словенија, македонскиот актер, Сашко Коцев и Горан Фурјан од Хрватска.

Планирани се осум настапи, а водител на програмата ќе биде, Срѓан Динчиќ.

Следниот ден ќе настапува ексклузивниот гостин Раџиналд Хантер, еден од познатите стендап комичари во светот, кој моментно се наоѓа на голема европска турнеја.

Третата вечер на публиката ќе и биде понудена ревија на стендап настап на комичари во клубски амбиент. 

03.10.2014 - 12:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега