Бизнисмен за три часа потрошил 2,5 милиони евра на шампањско

Неименуван руски милијардер направил сметка од два милиони фунти за само три часа во вторникот навечер, на посебен настан за богати во приватниот клуб во лондонски Мејфеар.

 

Русинот ги потрошил парите за шампањско и накит иако дури 20.000 фунти од шампањското Luxor е ставено на сметка на „куќата“. И покрај тоа, мистериозниот богаташ на крај на вечерта плати неверојатни 2.042.520 фунти.

Во тој износ е вклучена и скапоцен дијамантски гердан Asscher, кој чини 980.000 фунти и три белегзии и обетки, во вкупна вредност од 721.600 фунти.

Откако ги потршил парите за накит, на милијардерот му останало да плати и неверојатни 340.420 фунти данок, пишува „Дејли Мејл“.

 

Освен богаташот на настанот имало и убавици кои го носеле скапоцениот накит, а еден од сведоците на собирот сведочи:

- Во просторијата се наоѓаа околу 40 најбогати луѓе во Лондон, но големо е изненадувањето дека еден од нив потроши повеќе од два милиони фунти за помалку од три часа.

Тоа беше еден од најлуксузните настани на кои сум бил, сите гости беа милијардери, не милионери или мултимилионери. Таму беше најбогатата лондонска елита, арапското кралско семејство, Руси и многу богати Европејци.

 

Имаше телохранители колку и гости. Моделите се шетаа околу масите со накит на себе и кога алкохолот почна да тече беше само прашање на време кога некој ќе ја достигне сумата од седум цифри.

03.10.2014 - 13:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега