Валенсија домаќин на шампионот Атлетико Мадрид

Со дерби натпреварот меѓу второ пласираната Валенсија и актуелниот шампион Атлетико Мадрид ќе биде отворена денешната програма од пет средби во шпанската Примера.

Во 7.коло кое започна вчера со средбата Гетафе – Кордоба 1:1, вториот дерби дуел на програмата е утревечер во Мадрид каде ќе се сретнат два од трите тима кои никогаш не ја напуштиле Примера, Реал и Атлетик Билбао.

Двојки за викендов во Примера: (сабота) Валенсија - Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано – Барселона, Еибар – Леванте, Алмерија – Елче, Малага – Гранада, (недела) Севиља - Депортиво Ла Коруња, Селта Виго – Виљареал, Еспањол – Сосиедад  и Реал Мадрид - Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 16 бодови, Валенсија 14, Атлетико Мадрид 14, Севиља 13, Реал Мадрид 12, Селта Виго 12...

 

 

04.10.2014 - 11:06

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега