Нишикори ги израдува Јапонците со триумфот во Токио

На радост на домашната публика, Јапонецот Кеи Нишикори триумфираше на тенискиот турнир одржан во Токио.
 
За триумфот на турнирот во Куала Лумпур минатата недела дека не бил случаен Нишикори потврди во Токио, каде играше одлично на целиот турнир, за конечно сп победата во финалето против Канаѓанецот Милош Раониќ да потврди дека е во одлична форма.
 
Во репризата од финалето од 2012 година, јапонскиот тенисер и овојпат во три сета со 2-1 го совлада Раониќ.
 
Мечот беше изедначен за што најдобро говори и резултатот по сетови 7:6,4:6 и 6:4, а клучно за триумфот на Јапонецот беше неговата мотивација да израдува домашната публика, во што и успеа.
05.10.2014 - 11:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега