Четири средби во Првата македонска фудбалска лига

Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата се четири натпревари од 10.коло. Второпласираниот Металург го пречекува составот на Работнички.

Во Турново, Хоризонт ќе биде домаќин на Силекс кој ќе се обиде да ја прекине низата од четири првенствени средби без победа.

Во тетовското дерби, Тетекс ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со Ренова, а во Штип, тимот на Брегалница ќе има тешка задача во дуелот со третопласираната Шкендија.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 15 часот.

Вчера, во првиот натпревар ова коло Вардар минимално со 1:0 го победи Пелистер.

Табела: Вардар 24 бодови (еден натпревар повеќе), Металург 17, Шкендија 15, Пелистер 15 (еден натпревар повеќе), Силекс 13, Хоризонт Турново 13, Работнички 13, Ренова 9, Брегалница 5 и Тетекс 2 . 

05.10.2014 - 13:27

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега