Крваво утро во Куманово: За неплатена сметка во кафуле се боделе со ножеви

Две лица завршиле со убодни рани по расправа која вчера наутро околу 9:30 часот избила во каветеријата Клуб Кафе во кумановско Опаје.

Според информациите кои ги објави полицијата, расправата избила поради неплатена сметка . Во тој момент 4 лица кои биле во кафулето, физички нападнале две други лица при што им нанеле убодни рани.

Со тешки телесни повреди, И.Ќ. и И.И. се префрлени во Медицинскиот центар во Куманво каде се задржани на лекување. Полицијата инфорира дека се преземаат мерки за расчиствуање на случајот

07.10.2014 - 12:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега