Официјално: Формула 1 ќе се вози во Баку

Берни Еклстон сопственикот на Формула 1 потврди дека од 2016 година во календарот на натпреварувањето влегува и трката низ улиците на Баку.

Во Азербејџан ќе се вози нова трка од Шампионатот во Формула 1. Мило ми е што видов дека новата патека веќе е дизајнирана и очекувам да се овозможи врвно натпреварување, истакна Еклстон.

Веќе в недела во Сочи ќе се вози премиерната трка од Формула 1 за Големата награда во Русија.

08.10.2014 - 10:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега