Повредени 10 деца пред Струга: Камион удри во автобус полн со ученици

Десетина деца се повредени од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 14:20 часот се случила во близина на Велешта, Струшко. Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 во сообраќајката учествувале автобус во кој се превезувале ученици и товарно моторно возило. Едно од децата е со потешки повреди и пренесено е во медицинскиот центар Свети Еразмо во Охрид, додека остнатите деца имаат полесни повреди.
Полицијата ја потврди несреќата

08.10.2014 - 15:01


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега