Тешка сообраќајка кај Велешта - 11 лица во болница

Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна незгода на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и и скршнал на спротивната-лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици.

Осум патници биле префрлени во општата болница во Струга и кај нив се констатирани лесни телесни повреди. Двајца од патниците се во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и за нив сеуште се чека лекарскиот наод за карактерот на здобиените повреди.

08.10.2014 - 15:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега