Драма во кумановско: Жена се фрли во бунар

Вистинска драма ги потресе синоќа жителите на кумановската населба Пуковско кога во 19 часот и 30 минути 53-годишна жена се обидела да си го одземе животот скокајќи во бунар. Според информациите на Кумановоњуз, по интервенција на противпожарната единица жената била извадена и пренесена на хируршкото одделение во кумановската болница, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

За среќа, кумановчанката не е во животна опасност.

09.10.2014 - 10:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега