ВИДЕО: Татко на годината - овој дует стана вистински хит

Видео кое покажува татко и ќерка како заедно ја пеат песната „Let it go“ од анимираниот филм „Фрозен“, овие денови е новиот хит на интернет.

Снимката  на Фејсбук го објави таткото од симпатичниот дует, 26-годишниот Крис Прајс од Лестер, а ѕвездата на изведбата секако е неговата четиригодишна ќерка Лили.

-  Мислам дека ова попрво ќе и здоде на неа отколку мене, напиша Прајс под видеото на својот Фејсбук профил.

За само три дена видеото е прегледано 20 милиони пати, а популарноста расте од час во час.

09.10.2014 - 10:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега