"Ќе средиме работа со париве" - полицаец од Струга примил поткуп

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против 27-годишниот В.М. инаку полицаец во Струга за сторено кривично дело „примање поткуп“. На 28.09.2014 година, околу 11,00 часот тој извршил контрола на товарно возило „мерцедес“ сопственост на фирма, кое било управувано без патен налог и во кое била превезувана стока без документација. Пријавениот, за да не преземе соодветни мерки од лице кој бил во возилото и е сопственик на стоката побарал и примил поткуп од 2.000 денари.

09.10.2014 - 13:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега