Пике не се враќа во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Барселона Жерар Пике денеска ги отфрли шпекулациите за можно негово враќање во Манчестер Јунајтед и истакна дека би бил среќен кариерата да ја заврши во Барселона.

- Го сакам овој клуб кој има голема историја. Ми се допаѓа стилот на игра, ми се допаѓа овде во Каталонија. Јас сум во најдобриот светски клуб и немама намера да го напуштам ниту сега ниту подоцна. Штотуку потпишав нов договор и сакам овде да се пензионирам како што тоа го направи Карлос Пујол, изјави Пике за шпанските медиуми.

Пике е „дете“ на Барселона од каде во 2004 година замина за Манчестер Јунајтед. Сезоната 2006/07 беше позајмен на Сарагоса, а од 2008 година повторно е член на Барселона.

09.10.2014 - 13:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега