За добар секс ви треба само едно нешто- за што се работи?

Ако помисливте на нешто „безобразно”, погрешивте – за добар секс потребна е само љубов.

Според анкета спроведена во Пенсилванија, 78% од жените сметаат дека за добар секс е неопходни взаемни чувства.

Не тврдиме дека понекогаш и незадолжителна „акција“ не може да биде добра доколку навистина го сакате тоа, но според мислењето на испитаните дами, секс комбинацијата не може емотивно да ве задоволи – само 18% сметаат дека взаемните чувства не се важни за бомбастичен секс.

Во анкетата учествувале 95 жени на возраст од 20 до 65 години, а повеќето од нив рекле дека љубовта е основа за извонреден секс. Овие дами велат дека кога навистина чувствувате нешто кон партнерот, тогаш сте заинтересирани да ја истражувате својата сексуалност и повеќе уживате во тоа.

„Врската помеѓу љубовта и сексот покажува дека жените во главно го гледаат сексот како начин да ја изразат својата љубов“, вели професорка по социологија, д-р. Бет Монтемуро.

Извор: Точка

14.10.2014 - 17:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа