Дејли Мејл: Бијонсе внимавај баба во корсет ќе те замени (ФОТО)

И британскиот портал Дејли Мејл напиша за победничката на првата епизода од популарното шоу.

„Баба Неда Украден (64) од Белград, Србија, ги воодушеви гледачите на шоуто “Твоето лице звучи познато“, со нејзината изведба“, пишува Дејли Мејл.

По победата во првата емисија на шоуто, Неда Украден не ги воодушеви само Балканците, туку веста за нејзиниот настап се прошири и во светските медиуми.

“Внимавај Бијонсе! Баба (64), во корсет “тверка“ на песната Sweet dreams, во српско шоу и доби огромни овации, пишува Дејли Мејл.

Неда по настапот изјави дека само сакала да им покаже на младите дека може да им “парира“.

- Сакав само да им покажам дека една баба и понатаму може да биде млада, витална, полна со енергија и успешна, истакнува Неда по победата во првата емисија од шоуто.

15.10.2014 - 10:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа