НОВ ПРОЕКТ: Некст Тајм ќе ги отпеат неиспеаните македонски народни песни
Близнаците Мартин и Стефан од Некст Тајм периодов се затворени во студио каде работат на нов материјал што наскоро планираат да и го презентираат на јавноста.
Станува збор за проект кој ќе биде составен од македонски народни песни кои никогаш досега не биле испеани, пренесува Вечер.
-Планираме да снимиме и спот за синглот кој прв ќе го пуштиме. Во вакво издание никој досега не нема видено. Пред пет години ја снимивме песната „Caruso“, но верувајте ова е нешто што е многу подобро од неа“, изјави Мартин за Вечер.
Покрај овој прокет, Некст Тајм неодамна го објавија и синглот на српски јазик „Никад никад не умире“. На 23 месецов ќе имаат промоција во Белград, а поддршка за пробивање на српски пазар имаат од Боки 13 кој ги спои со Марина Туцаковиќ, која се потпишува како автор на песната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа