УЕФА со казни ќе излезе во четврток

УЕФА соопшти дека е покрената постапка против Фудбалските сојузи на Србија и Албанија поради меѓусебна тепачка на играчите на натпреварот во Белград во квалификациите за Европското првенство. Србите и Албанците имат рок до идната среда да се изјаснат во врска со случувањата на стадионот Партизан, а конечната одлука ќе биде донесена следниот ден.

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе одлучува за прекинатиот натпреват Србија-Албанија која се играше вчера. Како што пренесува агенцијата АП,

Портпаролот на УЕФА, Педро Пинто за агенцијата АП изјавил дека двете репрезентации имаат рок до идната среда да се изјаснат во врска со случувањата на стадионот, а конечната одлука ќе биде донесена веќе следниот ден.

Како што пишува спортскиот весник „Журнал“ постојат четири сценарија за тоа каква одлука може да биде донесена.

Ако вината во целост биде префрлена на Србија како оргнизатор, натпреварот би можело да биде регистриран со 3:0 за гостите, но тоа е малку веројатно.

Втората можност е натпреварот да се одигра на неутрален терен во нов термин кој ќе го одреди УЕФА.

Како следна можност е наведено, натпреварот да се повтори во Белград, но пред празни трибини и последната опција е ако се утврди одговорност кај Албанците за инцидентот, натпреварот да биде регистриран во корист на Србија.

Во секој случај српскиот фудбалски сојуз ќе добие парична казна, но српската куќа на фудбалот во меѓувреме ќе мора да ги собере сите докази против гостинската страна доколку сака да избегне драконска казна.

15.10.2014 - 18:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега