Цеца ќе пее рок песна од Аца Лукас

Познатата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе пее рок песна која ја компонираше и заедно со неа ќе ја отпее нејзиниот колега Аца Лукас кој воедно е и композитор за целата музика за претставата „Љубов во време на кокаин“, која се работи по романот на книжевничката и новинарка Симонида Милојковиќ. Главните улоги во претставата ги толкуваат Маријана Миќиќ и Марко Марковиќ.

Претставата има за цел да се бори против наркоманијата, а Аца Лукас вели дека сите деца треба да го видат ова театарско дело од кое лазат морници. Пејачот за себе вели дека е еден од ретките кои успеаја да се извлечат од наркоманијата, за разлика од 99 проценти кои неосетно одат во смрт.

 

16.10.2014 - 10:18


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега