Уште жалам што не загинав заедно со него- менаџерката на Тоше скршена од болка

Веќе седум години Македонија тагува по нашата најголема ѕвезда Тоше Проески. Времето поминува, но болката останува.

Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ се уште не може да го заборави кобниот ден, кога беше во автомобилот каде загина Тоше.

Таа вели дека многу пати зажалила што тоа утро не го загуби животот заедно со пејачот.

-Трагедијата ни се случи на сите нас, а јас многупати зажалив зошто тоа утро не загинав заедно со Тоше само да се спасам од оваа силна тага. Нема врска ниту тоа дека тие ме избркаа за времето на погребот на Тоше. Тоа го зборуваат лошите луѓе кои живеат со црните мисли. А, луѓе како луѓе. Имаше секакви околу нас. …вели Лиља во ексклузивната исповед која ја даде за печатеното издание на магазинот Свет каде може да го прочитате и остатокот од разговорот со неа.

16.10.2014 - 11:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега