ФОТО: Откриен е водителот на Оскари

 

Американската филмска академија сака да привлече многу повеќе млади гледачи на телевизискиот пренос на 87 доделување на Оскарите и токму затоа го одбаа него.

Актерот Нил Патрик Харис на помладите гледачи најпознат по ситкомот „How I Met Your Mother“ ќе ги води следните американски филмски награди Оскар, објавија организаторите, а актерот среќната вест ја објави на Твитер.

41 годишниот Харис кој во славната серија на CBS го глуми Барни Стинсон, беше водител на доделувањето на телевизиските Еми награди, а и самиот освои три Еми за водењето на театарските Tony награди.

- Пораснав гледајќи ги доделувањата на Оскарите и им се дивев на водителите на тоа шоу. Да продолжам по стапките на Џони Карсон, Били Кристал, Елен Деџенерис и останатите кои ја имаа таа чест, тоа за мене е остварување на најубавиот сон, вели Харис.

16.10.2014 - 20:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега