Мојсовски, Миркуловски, Манасков, Липовина со здравствени проблеми

Металург се соочува со големи проблеми во пресрет на мечот со Кил на домашен терен во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Дури четворица ракометари на тимот од Автокоманда, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Владан Липовина и Дејан Манасков, имаат здравствени проблеми.

Во најдобра состојба е Манасков, кој полека се опоравува, додека акутна е состојбата на Миркуловски и на Мојсовски. Лекарскиот тим на Металург прави се за да ги приспособи за саботната средба. Според информациите се работи за стомачен вирус.

Инаку, мечот Металург-Кил се игра во сабота во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 21:00 часот.

17.10.2014 - 09:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега