УЕФА: Албанците виновни колку и Србите

Член од правниот тим на УЕФА, Жан Самоел Леуба верува дека двете страни ќе добијат примерни казни зада не се повтори овој случај никогаш повеќе.

Тој за српскиот Курир вели дека Србија не може сама да сноси вина за инцидентите во Белград, како и ФСС не би требало да има повеќе санкции од Албанците.

- УЕФА не може да се огласува за овој случај, но општото мислење на членовите на парвните тела и дисциплинската комисија на европскиот дом на фудбалот и во овој случај не постои само една виновна страна. Инцидентите во Белград се различни од оние во Џенова бидејќи другата страна имала клучни улоги во ескалациите, провокациите и општа опасност за присутните на самиот стадион.

ФС Србија нема сама да сноси одговорност и најверојатно нема да биде казнета повеќе од ФС Албанија, изјавил за српски Курир Леуба.

 

17.10.2014 - 09:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега