Бомби го затворија аеродромот Македонија

Две бомби од Втората светска војна го затворија аеродромот Македонија во Солун, пренесува РИА Новости.

Градежни работници ги пронашле експлозивните уреди од пред приближно 70 години за време на поправки на патеката на вториот  по големина аеродром кај  јужниот сосед. На местото пристигнале стручните екипи кои ги деактивирале бомбите.

17.10.2014 - 11:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега