Приштина: Примен пациент со симптоми на ебола

Ноќеска  во болница во Приштина бил примен пациент со симптоми слични на ебола. Присуството на вирусот ебола се уште не е потврдено, бидејќи, според лекарите, потребно е да се извршат неопходните анализи.

Сепак докторите велат дека симптомите биле идентични како да се работи за ебола.

Како што пренесуваат приштински медиуми, пациентот можел да дојде во контакт со вирусот на ебола за време на престојот на аџилак.

17.10.2014 - 11:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега