Еве зошто мажите се уморни после секс

 

Кога мажот ќе заспие набрзо после сексот не станува збор за неговата бесчуствителност, туку за тоа дека некои делови од неговиот мозок се програмирани да се „исклучат“ после оргазам, тврдат француски истражувачи.

Колку пати сте се почувствувале фрустрирано затоа што вашиот партнер после возбудлив секс, воопшто не е расположен за нежни шепотења во постела, туку едноставно се свртува на другата страна и набрзо заспива?

Се чини дека одговорот на ова прашање кое мачи многу жени, конечно го пронајдоа француски научници од Институтот за национално здравје и медицински истражувања. Тие тврдат дека не станува збор за бесчуствителност на машкиот род.

Имено, за ваквото однесување на мажите е виновен нивниот мозок кој е така програмиран, што некои негови делови после сексот едноставно се „исклучуваат“. Неврологот Серж Столеи и неговите колеги ја анализирале активноста на машкиот мозок за време и непосредно после оргазмот и воочиле дека церебралниот кортекс и амигдала, односно деловите од мозокот задолжени за размислување, после оргазам целосно се смируваат и на остатокот од мозокот му испраќаат сигнали да ја изгасне желбата за секс.

Потоа, следи зголемено лачење на окситоцин, серотонин и пролактин кои, меѓу другото, имаат и големо успивно дејство, па не е за чудење што мажите тогаш посакуваат да потонат во длабок, закрепнувачки сон.

Извор: Точка

17.10.2014 - 14:19


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега