ЕК: Бугарија меѓу петте држави од ЕУ со најмногу откриени жртви на трговијата со луѓе

Бугарија, Холандија, Полска, Унгарија и Романија се петте држави од ЕУ, во кои се откриваат најмногу жртви на трговијата со луѓе во Унијата за периодот 2010-2012 година, покажува денеска објавениот извештај на Европската комисија.

Податоците од извештајот покажуваат дека 65 отсто од жртвите на оваа криминална појава произлегуваат од ЕУ, 30 отсто се од држави надвор од Унијата, а околу шест отсто се луѓе без државајнство.

Трговците со луѓе најчесто се Бугари, Романци, Белгијци, Германци, Шпанци, Нигеријци, Турци, Албанци, Бразилци и Мароканци.

Огромен дел од шверцерите (70 процента) се мажи.

Според статистиката на ЕК, најчесто жртви на трговијата се жени или дури 80 проценти од вкупно 30.146 откриени случаи во посочениот период.

За набљудуваните две години биле откриени 1000 деца, жртви на трговијата со луѓе и планирани за сексуална експлоатација. Во посочениот период биле покренати 3.786 обвиненија и 8.551 истраги.

Приближно 70 проценти од жртвите на трговијата биле цел на сексуална експлоатација, од кои речиси сите (или 95 отсто) се жени. Мажите с еглавните жртви на трговијата со луѓе, кои биле подложени на работна експлоатација (71 отсто).

Извештајот покажува дека најчесто жртвите се привлекувани со ветувања за добро платена работа, а неретко и преку интернет. Во повеќето случаи жртвите биле принудувани, доведувани во заблуда или ставани во услови на задолженост кон шверцерите. 

17.10.2014 - 14:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега