Актерка од позната индиска серија пронајдена силувана и со модринки

Актерката била киднапирана од полициски службеник кој ја и силувал, а пронајдена е заклучена во вила која била во близна на Мумбај.

Веста за исчезнувањето на популарната индиска актерка Срејита Де, која на јавноста и е позната како Мукта од серијата Отфрлена, ја вознемирила целата индиска јавност, вклучувајќи го и државниот врв, пренесуваат медиумите.

 

Во потрагата по актерката била вклучена војската и полицијата. Срејита пред два дена била пронајдена од страна на воените сили. Била пронајдена заклучена во соба, во вила близу Мумбај.

Како што пренесуваат медиумите во Индија, актерката била киднапирана од страна на полициски службеник, кој ја силувал и и нанел тешки повреди, по што актерката била цела со модринки.

 

Медиумите пренесуваат дека, киднаперот актерката лично не го познавала, но благодарение на видео надзорот во студиото и местата каде актерката се движела, откриено е дека тој ја следел веќе неколку месеци.

17.10.2014 - 14:51


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега