Грк сакал да прошверцува 10 кг хероин

На граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанската полиција уаспила грчки државјанин откако при рутинска контрола во неговиот автомобил пронашла автоматска пушка “калашњиков“  и 17 килограми дрога.

- На граничниот премин Какавија, уапсен е грчкиот државјанин Чариалос Контекакис(48) во чиј автомобил пронајдени се автоматска пушка тип “калашњиков“ и околу 17 килограми дрога, од кои 10,4 килограми хероин и 6,8 килограми марихуана, - стои во соопштението од Полицискиот комесаријат во Ѓирокастро.

Гркот со автомобил „мерцедес“ за влез во неговата земја на преминот пристигнал по полноќ, поради што на полицијата и станал сомнителен.

Полицијата продолжува со истрагата за целосно разветлување на случајот, додека доказните материјали се доставени до Обвинителството за тешки кривични дела. 

17.10.2014 - 16:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега