Позната агендата за посетата на Рама на Белград

Позната е агендатата, за толку очекуваната и најмногу дискутирана официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама на Србија, на 22 и 23 октомври, јави дописникот на МИА од Тирана.

Првиот ден ќе биде гостин на Белград, додека вториот на Прешево и Бујановац. Рама предводи четиринаесетчлена делегација, меѓу кои и шефот на дипломатијата Дитмир Бушати и министерот за економски развој, Арбен Ајметај,

По пристигнувањето на аеродрмот “Никола Тесла“ претпладнето на 22 октовмри, Рама, во 11 часот ќе биде примен од српскиот колега Александар Вучиќ, со највисоки почести и интонирање на химните на двете земји. По средбата во четири очи, следува средба на двете делегации, по што во 12,15 часот премиерите ќе имаат заедничка прес-конференција.

Рама ќе биде примен и од претседателот на Србија и спикерот на српскиот парламент, а ќе учествува и на економскиот форум „Соработката меѓу Албанија и Србија“.

На средбата со градоначалникот на Белград на Рама ќе му биде предаден клучот на Белград, онака како што Рама, кога беше градоначалник на албанската метропола, клучот на Тирана му го предаде на познатиот музичар Горан Бреговиќ. Предвидена е и прошетка низ белградските улици.

Наредниот ден, 23 октомври Рама ќе престојува, прво во Прешево, каде пред општинската зграда ќе има обраќање, а ќе ја посети и гиниколошката клиника за чие опремување албанската и косовската влада донираа 100 илјади евра. Посетата на Србија ја завршува со престојот во Бујановац со посета на компанијата „Протекс“

Доколку оди се според планот, ова ќе биде прва посета на албански премиер на Србија по посетата на Енвер Хоџа во 1946 година.  

17.10.2014 - 18:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега