Пронајдено оружје во куќа во Куманово

Во кумановското село Белановце вчера во 17:00 часот со потврда за привремено одземени предмети од 40-годишниот Ф.Ј. е одземена една автоматска пушка калашников 7,62, две рамки за куршуми за автоматска пушка 7,62 и тринаесет куршуми калибар 7,62, кои што наводно биле пронајдени на 16.10.2014 година на м.в.Црвена Вода во с.Белановце  при изведување градежни работи од страна на лице вработено во градежна фирма.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

18.10.2014 - 11:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега