Српскиот премиер доживеал сообраќајка со службениот автомобил

Српскиот преимиер Александар Вучиќ дожвиеал сообраќајна несреќа откако во неговиот службен втомобил, удрило друго службено возило на српската Влада. Како што јавува српски Блиц,  до несреќата дошло во самата колона која обезбедувана од специјалната вона единица Кобра се движела низ Белград. Тогаш од една споредна уличка излетало друго возило на српската Влада модел Шкода Сеупер Б и удрило во автомобилот во кој Вучиќ седел на задното седиште. Српската војска веднаш го затворила целиот периметар околу местото.
Веднаш била земена крв за алко анализа а со возачот на службениот автомобил на српската влада кој со 50 километри на час удрил во автомобилот на Вучиќ извршен е и разговор. Според првичните информации, утврдено е дека немало намера да му с енаштети на премиерот кој воопшто не е повреден.

19.10.2014 - 13:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега