ВИДЕО: Ако е ова коректно навивање од Шкендија тогаш...

Покрај етничките скандирања, знамиња на Албанија и слична кореографија, навивачите на Шкендија и со тврди предмети фрлаа по играчите на Вардар. ФФМ како што и се очекуваше не презема ништо и ги остави фудбалерите на Вардар да гинат на теренот каде немаше услови за игра. 
Иако нјави, Фудбалската федерација на Македонија не го прекина мечот по серијата националистички пароли и истакнатото албанско знаме. 

Еве видео материјали, во случај ФФМ да не забележа дека по играчите на Вардар се фрлаше со се и сешто, исто како и на куп мечот кога голманот на Вардар си замина со дупната глава. Нивната реакција беше 5.000 евра за Шкендија. Сега, повторениот прекршок, можеби ќе зачи и повисока казна, но со ФФМ, ништо не се знае.

19.10.2014 - 21:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега