ВИДЕО: Снимка од убиството на кикбоксерот Косаќ се појави на Јутјуб

Снимка од убиството на црногорскиот кикбоксер Јован Косаќ, кој беше убиен на 14. септември годинава, се појави на Јутјуб.

На неа се гледа Косаќ како седи веднаш до вратата во дискотеката „Каза“, која се наоѓа на плажата Игало во Црна Гора, каде што работел како обезбедување. Потоа во дискотеката влегуваат неколу лица и го напаѓаат кикбоксерот. По физичката пресметка, Драгое Боашиќ пукал во грбот на кикбоксерот.

Полицијата се уште не го расветлила убиството, ниту се познати причините за овој трагичен настан, а само е познато дека убиецот Боашиќ е уапсен во саботата криејќи се во една шума.

20.10.2014 - 12:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега