Tито и УДБА криеле тело на вонземјанин ?
Видеото и сликите од леталото во облик на диск кое во ноември 1966 година загуби контрола над селото Оточец во Словенија во тогашна Југославија и удри во земја и експлодира го запалија интернетот.
Аутопсијата на посетителот од свемир наводно е направена во белградската Воено медицинска установа ВМА. Од остатоците од леталото е извлечено телото на вонземјанин , кое било делумно запалено и пренесено веднаш на ВМА во Белград. Таму е направена обдукцијата.
Aутопсијата ја правеле хирургот Андреј Зоболи и патолозите Никола Јулиќ и Зоран Федериќ, а целата процедура е снимена. Фотографиите од аутопсијата ги сочувал внукот на еден од лекарите.
На снимката на обдукцијата се слуша само звукот од камерата и се гледа како лекарите детално го испитуваат секое делче од телото на вонземјанинот, објави Курир. инфо.рс.
Телото на вонземјанинот наводно го видел и лично Јосип Броз Тито и и наредил на УДБА информациите да не ги дознае никој и тие да се чуваат во најстрога тајност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа