Албанија формира нова единица за борба против тероризмот

Албанија ќе добие нова антитерористичка структура меѓу најголемите во Европа, која пред се ќе биде посветена на борбата против тероризмот и спречување на регрутирање на борци за Исламска држава.

По наредба на министерот за внатрешни работи Самир Тахири антитерористичката единица ќе биде усогласена со другите евроатлантски држави, а основниот принцип кој важи во европските земји - „пронајди, фиксирај, удри“ ќе биде принцип и на новата албанска единица.

Една од примарните задачи на новата структура е оневозможувањето на пристап на младите Албанци до ИД, спречување на регрутирањето и апсење на тие кои подготвуваат борци за ИД, како и спречување на терористички напади.

Покрај реорганизацијата на структурата на Дирекцијата за борба против тероризмот ќе биде унапреден и системот за сигурен пренос на информации при истрагата на криминални дела.

20.10.2014 - 18:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега