Црногорски нарко бос уапсен во Виена

Австриската полиција денеска соопшти дека на територија на Австрија е уапсен црнгорскиот нарко бос Сафет Калиќ.

Портпаролот на криминалистичката служба Марио Хејл изјави дека осомничениот е уапсен и дека акцијата е спроведена вчера попладне околу 15.00 часот во Виена.

Според него, Калиќ, по кого е распишана меѓународна потерница, не пружил отпор при апсењето.

Полицијата не соопшти други детали за апсењето, нагласувајќи дека за понатамошната постапка по овој случај ќе решава виенското Обвинителство.

Против Клаиќ, кој е во бегство од 2011 година, е покрената постапка поради сомнеж за перење пари во износ од 7,7 милиони евра. Се претпоставува дека парите потекнуваат од продажба на наркотични средства во Германија во периодот од 2005 до 2011 година.

21.10.2014 - 13:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега