ВМРО-ДПМНЕ: Нема зголемување на приходите од казни

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на прес-конференцијата на СДСМ истакнува дека нивните денешни обвинувања се груба манипулација.

Оттаму посочуваат дека нема зголемување на приходите за казни. 

- Апсолутно не е точно дека е зголемена ставката на приходи по основ на глоби и казни во Буџетот за 2015 година. Тоа секој може да го види на јавно објавениот Буџет на страна 72. Ставката приходи од судски и административни такси и глоби е на исто ниво со оваа година, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, казните учествуваат со само 0,3 отсто во приходите или 8 милиони евра.

- ВМРО-ДПМНЕ е партија која се залага за правична казнена политика. На почетокот на овој мандат беше прилагодена казената политика на големината на фирмите и нивната платежна моќ, се вели во реакцијата.

21.10.2014 - 15:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега