Десет пациенти се уште се лекуваат од салмонела

Десет пациенти се уште се лекуваат на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип откако се затруле од бактеријата салмонела.

Пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а за тројца се чекаат резултати, информира денеска началникот на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, Глорија Караѓозова. Таа додава дека состојбата на хоспитализираните пациенти е стабилна.

- Во однос на клиничката состојба тројца пациенти беа со потешка клиничка слика, останатите беа со една лесна клиничка слика. Пациентите ќе бидат хоспитализирани додека клиничката состојба не се среди, односно нормализира , за тоа време ќе ги добиеме и резултатите од микробилошките анализи, вели Караѓозова.

Според првичните информации причината за пациентите заболени со салмонела се еклери. Санитарниот инспекторат зел мостри и брисеви од работните маси на една штипска слаткарница и на еден супермаркет. Вработените од слаткарницата се испратени на вонредни хигиенско –санитарни прегледи. Резултатите од мострите и брисевите за изворот на салмонелата се очекуваат во петок. 

22.10.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега