ВИДЕО: Еди Рама пее „Калашников“ на српски

Раздорот во односите меѓу Србија и Албанија, енормно се зголеми по инцидентот на натпреварот помеѓу фудбалски тимови двете држави, но не така одамна, Горан Бреговиќ одржа концерт во Тирана.

Со овации го испратија Албанците Горан Бреговиќ по неговиот концерт во Конгресната сала во Тирана. Но, не само тоа. Тие пееа во дует со Брега српски песни, и над сето ова, тогашниот градоначалник и актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама, со воодушевување му ги предаде на Бреговиќ клучевите од градот.

 Она што не беше познато досега, е интересниот говор на тогашниот градоначалник на Тирана Еди Рама, кој зборуваше како "во длабока илегала " ги слушал песните на Бјело Дугме во времето на Енвер Хоџа.

Погледнете како Бреговиќ и неговиот Оркестар за свадби и погреби "ја запалија" Конгресната палата во Тирана, каде во првиот ред седи тогашниот градоначалник Еди Рама:

22.10.2014 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега