Вардар се пласираше во четвртфиналето на Купот на Македонија

Екипата на Вардар е последниот патник во четвртфиналето на фудбалскиот куп на Македонија, откако во реванш дуелот од осминафиналната рунда го совлада Шкендија со 3:0.

На средбата одиграна на арената „Филип Втори’’ во Скопје попладнево, пред не повеќе од 1.000 гледачи, головите за Вардар ги постигнаа: Јасир Асани (3-минута), Артак Дашјан (34) и Златко Таневски (37).

Со оваа победа „црвено-црните„ ја анулираа негативната од првата средба одиграна во Тетово кога загубија со 2:1.

Покрај Вардар пласман во 1/4 финалето веќе обезбедија: Работнички, Ренова, Еуромилк, Кожув, Хоризонт Турново, Дрита и Тетекс. 

22.10.2014 - 17:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега