Заменик министерот за земјоделство во работна посета на ПЕ на МЗШВ во Куманово

Заменик министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Ванчо Костадиновски попладнево оствари работна посета во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Куманово.
 
Костадиновски разговараше со вработените за тековното работење од повеќе аспеки, човечки ресусри, просторни услови, технички услови и опременост, компјутери и друга опрема, за која рече дека треба да биде во функција на земјоделците од Куманово и останатите кои гравитираат во подрачната единица.
 
- Забележав дека состојбата не е најдобра во делот на просторните услови. Од аспект на човечки ресусри и екипираност со луѓе е задоволителна во однос на бројката на барањата кои што се доставуваат и потребата од услужување на граѓаните во однос на нивните потреби во текот на целата година, рече заменик министерот.
 
Најави дека просториите во Подрачната единица ќе бидат оспособени  со комјутерска опрема.
 
- Најбитно е дека  вкупната бројка на апликации за субвенционирање изнесува преку 12.000, односно 12.300 барања се поднесуваат годишно во делот на директните финансиски плаќања и можам да кажам дека колегите од Подрачната единица Куманово добро си ја извршиле задачата, бидејќи најголем дел од нив  се одобрени, рече Костадиновски.
 
Во контекст на тоа додаде дека 97 проценти се одобрени, додека 3 проценти заради системски недостатоци, односно согласно законските решенија не се уредени барањата. - Три проценти од овие 12.300 барања се одбиени, а за 3 проценти во тек е се уште платежната агенција на разгледување на барањата и заради одредени недостатоци се бараат дополнителни документи односно треба да се доуредат барањата за да можат да бидат одобрени субвенциите или она што  директни финансиски плаќања согласно програмата за директните финансиски плаќања на Владата на РМ, рече Костадиновски.
 
Тој информираше дека полјоделските култури директните финансиски плаќања изнесуваат околу милион и пол евра или 90 милиони денари, обезбедени се околу 90 милиони денари за сите грла на добиток по директни финансиски плаќања во делот на сточарството во кумановско.
 
- Се надевам дека оваа темпо ќе го оддржиме како што е сега и согласно предвидените средства и за следната година, се надевам дека сите граѓани, односно земјоделците од општина Куманово и од општините кои гравитираат околу Куманово ќе бидат опслужени и ќе ги добијат своите субвении, рече Костадиновски.
 
Најави дека во периодот што следува ќе бидат подобрени и  просторните услови и дека се  разгледуваат повеќе опции, кои се на  располагање. Костадиновски истакна дека Подрачната единица на МЗШВ Куманово ќе биде сместена во репрезентативен објект, во кој потенцира земјоделците подостоинствено ќе можат да ги да ги добијат потребните услуги, за како што истакна, операционализација на политките кои ги донесува Владата и Министерството.
 
Заменик министерот потенцираше дека по основ на програмата за директни финансиски плаќања,за субвенции за Куманово се одвојуваат 220 милини денари или 3,5 милиони евра. Најави дека ќе ги  посети и  подрачните единици во останатите општини.
22.10.2014 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега