Еве каде вее снег во моментов

Од 17 часот попладнево паѓа снег во регионот. Снег паѓа на Златибор, Тара, Копаоник, Стара Планина.  Снег претходно падна и во Босна и Хрватска. 

Надлежните служби апелицаат да се вози внимателно, бидејќи коловозите се влажни и лизгави.  

Околината на Загреб ноќеска ја зафати силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во Горски котар е регистриран првиот снег.

Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра. 

Снежни врнежи во попладневните часови ги изненадија жителите на Сарево и Бања Лука, иако првично снег беше најавен само во повисоките делови на Босна и Херцеговина. 

Метеоролозите за денеска првично најавија пад на температурите и врнежи, но не и снег во пониските делови на земјата. 

 

Студениот бран се наближува кон Македонија. Од ноќеска ќе имаме драстичен пад на температурите и врнежи од дожд, а на планините ќе падне првиот снег 

22.10.2014 - 23:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега