Билетите за ракометниот натпревар Македонија - Швајцарија по цена од 100 и 200 денари

Ракометната Федерација на Македонија утре ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот на машката сениорска репрезентација на Македонија со Швајцарија.

Билетите ќе бидат достапни за купување во продажната мрежа на МК тикетс и се со цена од 100 и 200 денари во зависност од трибината.

Натпреварот ќе се игра на 29 октомври во 17 часот и 45 минути во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Со дуелот против Швајцарија Македонија ги стартува квалификациите за пласман на Европското првенство 2016 година во Полска. Покрај Македонија и Швајцарија, во истата група се уште и Франција и Чешка.

23.10.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега