Еве на кои места вее снег во моментов

Снег со многу слаб интензитет ноќеска и утрово е регистриран на повисоките места на планините. Многу слаби врнежи има на врвот на Водно, како и на Попова Шапка, но не е доволно за да се формира некоја снежна покривка.
На останатите места е облачно а локално има слаби врнежи на дожд.
Порталот МетеоПро пишува дека денеска се очекува соема мал, речиси и неприметен пораст на максималната температура во однос на четврток. Во првата половина од денот ќе биде претежно облачно во северната половина од земјата. Во јужната половина претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините со слаб снег. Поппладне и вечер, освен во мал дел од југозападот од земјава, слаби врнежи ќе има во поголем дел од земјата. Во текот на вечерта, слаб снег може да се очекува и во делови од Осоговскиот регион. На повисоките планини врнежите во текот на денот врнежите ќе бидат од снег, но нема да има услови за формирање на позначителна снежна покривка.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 10°С во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 9°С, а во југоисточниот регион до 13°С.
Во Скопскиот регион денот ќе биде облачен. Можност за повремени сончеви периоди ќе има претпладне, додека попладне и вечер ќе има појава на релативно слаби врнежи од дожд. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 11°С.

24.10.2014 - 10:52
Фото: 
Илустрација

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега