И ја удирале главата со столица - продавачка преживеала хорор за хот-дог

47- годишната Драгана А. вработена во една позната пекара во Земун, брутално била претепана во вторникот вечерта. Додека била на работното место без никаква причина била нападната  од момче и девојка, по кои полицијата се уште трага.

По едночасовното малтретирање Драгана била пренесена во болница, каде поради тешката повреда била задржана. 

- Навечер вратата е заклучена, работи само шалтерот. Кога дојдоа момчето и девојката веднаш се гледаше дека се лути з анешто. Таа нарача хот- дог, а тој хамбургер. Момчето ми рече да ставам кечап, а девојчето повторно побара хот- дог. И реков кога ќе завршам со сендвичот, и таа ќе биде услужена, при што таа се налути и си замина, а веднаш по неа и момчето. Но по неколку минути тие се вратија. Момчето почна да лупа на вратата и да вика:мОтвори ја вратата ќе те убијам" , а потоа преку шалтерот успеа да влезе во пекарата. Ми рече дека сум и го расипала расположението на девојката и веднаш ме нападна. Ме удираше со се што можеше да дофати, со апаратот за кафе, касата, ме удри неколку шлаканици. Сепак некако успеав да се тргнам, ја отворив вратата и истрчав од пекарата- раскажува Драгана. 

Но тоа не било крај на нејзиното мачење.

- Девојката која беше надвор почна да ме кубе и удира неконтролирано. Во тој момент момчето излезе од пекарата и ми ја удри главата со стол. Во тој момент помислив дека ќе ме убијат. Тој продолжи да ме удира со столицата а таа ме шутираше. Додека ме малтретираа момчето изговори "Каква е оваа држава".

Нејзините викотници ги слушнал дежурниот обезбедувач и веднаш повикал полиција. 

 

 

24.10.2014 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега