„Метро“: Јунајтед подготвува понуда за Герет Бејл

Медиумите на Островото објавија дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди 90 милиони фунти за Герет Бејл.

Манчестер Јунајтед се обидуваше да го врати Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, но не успеаја во својата намера. Се чини дека „Црвените ѓаволи“ се решени да донесат мега засилување, повторно од Реал Мадрид.

Како што објави „Метро“, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 90 милиони фунти за услугите на Герет Бејл.

Уште кога беше член на Саутемптон и Тотенхем Герет Бејл беше прогласуван за наследник на Рајан Гигс, а дали токму тимот од „Олд Трафорд“ е судбина на Велшанецот, останува да се види.

24.10.2014 - 19:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега