Се разбудивте свежи? - започна зимското сметање на времето

Со поместување на стрелката на часовникот за еден час наназад во 3 часот утринава почна зимското сметање на времето што ќе трае до последниот викенд на март.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што сметаат дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки. 

26.10.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега