ВИДЕО: Како малиот Трајче Ѓеоргиев се претстави на „Пинкови ѕвездички“

Тринаесетгодишниот Трајче Ѓеоргиев одлично се претстави на музичкото натпреварување "Пинкови ѕвездички", јуниорската верзија на "Пинк ѕвезди", и како еден од 5 подобри помина во сладната фаза од натпреварувањето.

Трајче се претстави со песната „Остала си увјек иста“ и иако беше помалку несигурен жирито успеа да го препознае неговиот талент и да му овозможи да се натпреварува во баражот.

- На Трајче му фали малку самодоверба, има слух, малку ја отвора устата. Мора малку повеќе да ја отвораш устата. Треба да си сигурен во себе“ – го посоветува Леонтина, а Јелена Томашевиќ пак му порача само да се опушти за да дојде до израз неговиот прекрасен глас.

Во баражот Трајче ја отпеа „Зошто отиде“ од Тоше Проески и со овој настап успеа да ги измами насмевките на членовите на жирито кои решија тој да биде еден од петте кои ќе одат во следната фаза од ова натпреварување.

Трајче вели за себе дека е посветен на учењето, дел е од неколку секции во училиштето, сака фудбал. Но она што го разликува Трајче од останатите е неговиот голем музички талент. Пее одлично, а ако се има предвид неговата возраст и неговите планови во иднина уште многу ќе се надоградува, а тогаш успехот е загарантиран.

29.10.2014 - 18:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега