ВИДЕО: Дома чува 8 мачки - 6 тигри и 2 лава

Карл Бовард дома чува 6 тигри и 2 лава, а секој од нив тежи над 300 килограми.

Како што вели тој, со ова сака да ја крене свеста кај луѓето за овие загрозени видови животни.

Тој има формирано организација која држи предавања за луѓето да научат што повеќе за лавовите и тигрите, со што се надева дека ќе успее да ги заштити од изумирање.

Најголемото милениче кое го чува во двор е Самсон, сибирски тигар.

Кога ќе се исправи на задните нозе, Самсон е висок неверојатни 3 метри.

И покрај тоа што се соочува со контроверзии затоа што дома има живеалиште за диви животни, тој вели дека со тоа само прави добро и никому не штети.

Карл уверува дека неговите ѕверки се питоми и никогаш не би повредиле некого.

29.10.2014 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега